Репрезентацијата на Црна Гора со пораз од Унгарија од 26-24 во трилер натпревар го започна настапот на Европското првенство во ракомет кое од 10. јануари годинава се игра во Германија.
Селекторот на Црногорците, Владо Шола стана вистински хит на социјалните мрежи поради тајм-аутот кој го повика на вчерашниот натпревар.
„Седум на шест и два кружни напаѓачи, дали може така? Пивот, еден, два… Еден, два, четири, пет. Единицата ти доаѓа, го покрива пивотот, а немаме втор пивот. Батали, што ќе играме?“, рече Шола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА