Екипата на Жирона, која важеше за апсолутен хит за минатата сезона во шпанската Примера, и се пласираше во Лигата на шампионите, го ангажираше играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек.
Холанѓанецот не ја доби вистинската шанса во таборот на Јунајтед, па беше исраќан на позајмици во Евертон, Ајнтрахт Франкфурт, се до ова лето кога тимот од „Олд Трафорд“ се одлучи да го продаде.
Иако го купи повеќе од 30 милиони евра од Ајакс, ќе го продаде за само 500.000 евра, меѓутоа Манчестер може да заработи при евентуални бонуси до 15 милиони евра за неговите услуги. Исто така има и откупна клаузула од каде може да го врати, но и процент од следен трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА