Хитот на сезоната во Ла Лига има договорен трансфер во Манчестер Сити

Манчестер Сити ова лето ќе стигне до уште еден значаен трансфер за иднината. Станува збор за сензацијата на сезоната 2023/24 во шпанското првенство, младиот Бразилец Савио Мореира.

Дваесетгодишниот крилен напаѓач минатата сезона ја помина во редовите на Гирона каде имаше забележлив настап постигнувајќи 11 голови и 10 асистенции на 41 одигран натпревар притоа предводејќи го овој тим до третото место на табелата во Ла Лига.

Савио во Манчестер Сити ќе се пресели од редовите на француска Троја, клуб кој е дел од Сити групацијата па износот на трансферот останува непознат. Според популарниот „Трансфермаркт“ овој 20-годишник вреди 50 милиони евра.

Се вчитува...