Проблемите со кои се соочи Кристијан Ериксен на првиот натпревар на Данска на Европското првенство влијаеа на тимот и неговите настапи во продолжението од првенството па Данците по два одиграни натпревара имаат два порази од Финска и Белгија, но сеуште имаат шанси да се пласираат во следната фаза, а за тоа да се оствари треба да се совлада Русија и Белгија да ја совлада Финска.
На данската репрезентација нема да и биде лесно да ја совлада Русија, меѓутоа во прилог на Данците е тоа што натпреварот ќе го одиграат пред својата публика, а селектрот Каспер Хјулманд вели дека присуството на Ериксен на тренингот на тимот донело и дополнителна енергија во составот.
„Враќањето на Кристијан многу им значеѓе на играчите кои немаа прилика да го видат, посебно на оние кои се блиски со него. Едно е кога ќе го видите на снимка, а друго е кога го гледате во живо, кога можете да се поздравите со него, тоа беше добро за целиот тим. Атмосферата сега е поинаква, тоа е сигурно, но повторувам, добро е што го видовме и него и членовите на неговото семејство“, вели селекторот на Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА