Хјумланд не е повеќе селектор на Данска

Каспер Хјумланд не е повеќе селектор на данската репрезентација, по заедничкиот договор меѓу двете страни.

Како што информираше Данската фудбалска федерација, привремено, во следните пет месеци, националниот тим ќе го води Мортен Вигхорст. Нов селекторот ќе биде официјално именуван во јануари 2025 година.

„Директорот на фудбалскиот сојуз, Петер Молер имаше неколку фази преговори со Хјумланд по што заеднички заклучок е дека на тимот му е потребна нова енергија“ – се вели во соопштението на Данскиот фудбалски сојуз.

Репрезентацијата на Данска настапот на ЕВРО 2024 го заврши во осминафиналето.

Се вчитува...