Кошаркарите на Хјустон беа подобри од Орландо со 117:113 во меч во кој победникот беше решен по продолжение. Иако „магичните“ имаа контрола на теренот, сепак, на крајот „ракетите“ ја грабнаа победата.
Гостите имаа плус 14 во првата и плус 11 во последната четвртина од мечот, во кој Хјустон немаше завршница се до четвртиот период и продолжението. Кевин Дурент мораше да мине пат од херој до трагичар. Неговиот кош на 22 секунди до крајот постави 100-100, но невнимателноста отвори противнапад за кош на Блек на другата страна. Шенгун се најде на вистинското место и пред кош на секунда до крајот обезбеди продолжение.
И продолженијата беа неизвесни. Се влезе во пенал завршница, каде што последниот збор го имаше младиот Ејмен Томпсон со две прецизни слободни фрлања на две секунди до крајот.
Кевин Дурант и Алперен Шенгун го направија она што се очекува од најдобрите играчи. Американскиот ветеран постигна 35 поени, а турскиот центар имаше 30 поени, заедно со 12 скока и осум асистенции. Ред Шепард беше најблиску до нив со 16 поени.
Франц Вагнер ги предводеше „Меџик“ со 29 поени, додека Дезмонд Бејн заврши со 26 поени.
По продолженија беа решени и мечевите помеѓу Јута и Чикаго (регуларниот дел заврши 127:127), како и дуелот Далас – Портланд (118:118 во регуларниот дел). И во двата меча триумфираа домаќините во неизвесни завшрници.
НБА, РЕЗУЛТАТИ:
Бостон – ЛА Клиперс 121:118
Сан Антонио – Сакраменто 123:110
Вашингтон – Бруклин 106:129
Хјустон – Орландо 117:113 по прод. (102:102)
Њу Орлеанс – Голден Стејт 106:124
Далас – Портланд 138:133 по прод. (118:118)
Феникс – Атланта 122:124
Јута – Чикаго 150:147 по прод. (127:127)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

