Кошаркарите на Хјустон стигнаа до рекорд по бројот на победи во една сезона со триумфот синоќа против Њу Орлеанс од 114-91 во НБА лигата.
Хјустон на тој начин стигна до 59-та своја победа сезонава, предводен од Џејмс Харден со 27 поени, додека Клинт Капела запиша „дабл-дабл“ од 18 поени и 16 скока.
На спротивната страна најдобар беше Ентони Дејвис со 25 поени и 8 скока. Во тимот на Пеликанс недостасуваат Никола Миротиќ и Ражон Рондо, покрај Демаркус Казинс, кој од поодамна е надвор од терените.
Филаделфија славеше против Минесота со 120-108 предводена од извонредниот Бен Симонс. Руките на Филаделфија стигна до 10-от „трипл-дабл“ сезонава со 15 поени, 12 скока и 13 асистенции. Одлично го следеше о Џоел Ембид со 19 поени и 6 скока, додека Дарио Шариќ постигна 18 поени.
Кај Минесота најефикасен беше Ендрју Вигинс со 16 поени, еден повеќе од Карл-Ентони Таунс кој дополни и со 11 скока.
Со шесттата едноподруго победа Филаделфија ја продолжи потерата по третопласираниот Кливленд на Истокот, додека Минесота е седма на Западот со 42-32.
Во останатите мечеви Детроит беше подобар од Чијаго со 117-95, Орландо славеше против Феникс со 105-99, а ЛА Лејкерс беа подобри со 93-100 на гостувањето против Мемфис. Шарлот славеше со 98-102 на гостински терен против Далас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА