Хјустон Рокетс стигна до лесна победа против ЛА Лејкерс од 113-97, во натпревар во кој тимот од ЛА беше без услугите на својата прва ѕвезда Леброн Џејмс. Џејмс Харден со 39 поени, 12 асистенции и 8 скока беше прво име во победничкиот табор, додека Меклемор уфрли 20. Кај поразените Кајл Кузма го заврши мечот со 21 поен, а Дејвис уфрли 17.
Милвоки Бакс го обезбедија првото место во Источната конфереција откако го совладаа Мајами Хит со 130-116. Јанис и Крис Мидлтон со по 33 поени ги водеа Бакс до победа, додека кај Хит Робинсон го заврши натпреварот со 21 поен.
ЛА Клиперс беше подобар од Далас Маверикс со 111-126. Кавај Ленард со 29 поени и Пол Џорџ со 24 повторно беа први имиња во победничкиот табор, додека за Мавс не беше доволна ниту одличната партија на Кристапс Порзингис кој уфрли 30 поени и Лука Дончиќ кој мечот го заврши со еден помалку.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда Денвер – Портланд 115-125, Феникс – Индијана 114-99 и Сакраменто – Њу Орлеанс 140-125.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА