Хјустон се избори за „мајсторка“ против Голден Стејт (ВИДЕО)

Кошаркарите на Хјустон рокетс се изборија за мајсторка во серијата против Голден стејт вориорс во Западната конференција откако израмнија на 3-3.

Тие славеа на гостувањето во Сан Франциско со 107-115 и со тоа обезбедија одлучувачки седми меч на домашен терен.

Фред ван Влит со 29 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените со ист број поени заврши Стеф Кари.

Се вчитува...