Хлеб: Меси и Роналдо, дојдете во Белорусија, ние овде си играме фудбал

Спортот е суспендиран во речиси целиот свет поради глобалната битка со коронавирусот, но фудбалот и понатаму егзистира во Белорусија. Националното првенство на оваа земја е во тек, а прославеното име на белорускиот фудбал Александер Хлеб ги покани и Лионел Меси и Кристијано Роналдо да се придружат.

„Сега целиот свет го гледа белоруското првенство. Можеби и Меси и Роналдо би можеле да дојдат и да ни се придружат, така на најдобар начин фудбалерите можат да ја одржат формата“, изјави на шега, Александер Хлеб.

Во Белорусија исто така има случаи на заразени од Covid-19, но властите се уште дозволуваат нормално одвивање на фудбалските натпревари и тоа со присуство на публика.

 

Се вчитува...