Хоџсон добива отказ, Германец седнува на клупата на Кристал Палас

Рој Хоџсон во следните 24 часа ќе добие отказ од функцијата менаџер на Кристал Палас, откако раководството на лондонскиот клуб донело одлука за разделба од највозрасниот тренер во Премиер-лигата.

Искусниот стручњак направи подвиг минатата сезона обезбедувајќи опстанок, но резултатите сезонава се далеку под очекувањата на навивачите и на клупските директори. Палас има само три побед на последните 19 средби во сите натпреварувања, овој тим падна на 15. место на табелата, што беше доволна причина за „аларм“ и тренерска смена.

Одлуката за разделба од Хоџсон е донесена, но нема да биде обелоденета додека не биде постигнат целосен договор со неговиот наследник. Според англиските медиуми, тоа ќе биде Германецот Оливер Гласнер, поранешниот тренер на Ајнтрахт кој начелно ја прифатил понудата за преселба во Премиер-лигата. Останува само уште да се договорат одредени детали, но во Палас се оптимисти дека тоа ќе биде средено до крајот на денот, по што ќе биде објавена и разделбата со Хоџсон и промоцијата на новиот стратег.

Се вчитува...