Хофенхајм е во налет и сака во Лигата на шампионите. Овој тим славеше убедлив триумф (2-5) на гости против Лајпциг и со 49 бода се доближи на само два бода до Борусија Дортмунд и до Баер Леверкузен, кои вечерва ќе имаат меѓусебна пресметка во Бундес-лигата. Тут, Гнабри и Кадерабек го шокираа домашниот тим со три гола во првото полувреме. На стартот од вториот дел Лајпциг остана и со играч помалку поради исклучувањето на Форсберг, а мала надеж даде автоголот на Бауман. Но, Ут и Руп го докрајчија Лајпциг за надежи за ЛШ, а Конате постигна уште ден гол за домаќините.
Баерн Минхен и со комбиниран состав славеше на гости против Хановер со 0-2. Томас Милер и Роберт Левандовски влегоа во игра во вториот дел, но постигнаа голови за триумф на ова гостување. До крајот погоди и Себастијан Руди.
Резултати Германија: Ајнтрахт Франкфурт – Херта 0-3, Хамбургер – Фрајбург 1-0, Хановер – Баерн Минхен 0-3, Лајпциг – Хофенхајм 2-5, Штутгарт – Вердер 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА