Данскиот репрезентативец Пјер-Емиле Хојбјерг ова лето ќе замине од Тотенхем и кариерата ќе ја продолжи во француското првенство каде ќе го носи дресот на Марсеј.
Дваесетиосумгодишникот влегува во последната година од договорот со лондонскиот клуб и нема намера да го продолжи истиот па „петлите“ се приморени да го продадат фудбалерот кој важеше за еден од најстабилните првотимци изминатите сезони за сума од 14 милиони евра.
Хојбјерг во Тотенхем пристигна во 2020 година од Саутемптон. Претходно настапуваше и за Баерн Минхен, а беше и на позајмица во Аусбург и Шалке 04.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА