Манчестер Јунајтед го обои градот во „црвено-бело“ по триумфот на гостувањето кај Манчестер Сити од 1-2, издвоен по целосен пресврт и тоа за две минути во самиот финиш на средбата.
Натпреварот го одбележа и една тензија при средината на теренот, непосредно по постигнатиот гол на Јошко Гвардиол во првото полувреме кога глава до глава се најдоа Расмус Хојлунд и Кајл Вокер.
Фудбалерот на Манчестер Сити „одглуми“ удар од страна на помладиот напаѓач па по победата се наслади Хојлуд, фаќајќи му сеир на еден од најискисните фудбалери со објава на социјалните мрежи каде сподели песна која римува.
🚨 Rasmus Højlund’s message to Kyle Walker on Instagram. ⤵️ pic.twitter.com/3PNB78WKAr
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 15, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

