Хојлунд флертуваше со Милан, сега е на чекор до Наполи

Расмус Хојлунд е многу блиску до потпис со Наполи откако данскиот репрезентативец имал успешна рунда преговори со Антонио Конте и со челниците на италијанскиот првак. Манчестер јунајтед се обидува да се ослободи од својата „деветка“ до крајот на летниот преоден рок, досега се преговараше со Милан, но откако „росонерите“ се свртеа кон Бонфејс во игра влезе актуелниот шампион на Италија.

Наполи е во потрага по врвен голгетер по повредата на Ромелу Лукаку, а Хојлунд би добил шанса да се докаже во првите месеци во кои бил прва опција во нападот додека белгискиот џин е повреден. Фудбалерот начелно ги прифатил условите, а Наполи е подготвен да ги задоволи условите што Јунајтед ги бараше и од Милан, позајмица вредна околу пет милиони евра, со клаузула за откуп од 40 милиони евра следното лето.

„Наполитанците“ минатото лето направија извонредна зделка со ангажманот на Скот Мектоминеј, а тренерот Конте се надева дека сличен импакт врз неговиот тим ќе има и данскиот голгетер. Хојлунд пред потписот бара само една работа – клаузулата за откуп за 2026 година да биде задолжителна за тој да не мора да се враќа назад во Манчестер, приказна што дефинитивно сака да ја затвори што поскоро.

Се вчитува...