Борнмут и Манчестер Јунајтед ремизирааа 1-1 во првиот меч од денешната двојна програма од 34. рунда во Премиер-лигата. „Црвените ѓаволи“ се уште играат катастрофално во домашното првенство, а попладнево многу среќно избегнаа трет пораз во низа, благодарение на голот на Расмус Хојлунд постигнат во 95. минута.
Борнмут беше подобар противник во првото полувреме, во кое домаќините заслужено први поведоа преку Семењо, на асистенција на Бразилецот Еванилсон. Токму Еванилсон од херој се претвори во трагичар на домашниот состав откако во второто полувреме доби директен црвен картон и го остави својот тим на цедило.
Јунајтед очекувано тргна во офанзива во финишот, а таквиот пристап вроди со плод во судиското продолжение, кога Хојлунд најдобро се снајде во една мешаница и го постигна израмнувачкиот погодок за „црвените ѓаволи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА