Манчестер Јунајтед триумфираше на гостувањето во Плзен со 1-2 на европската сцена во натпревар во кој Расмус Хојлунд беше јунак за гостите од Англија.
Данецот постигна два гола за пресврт, иако во завршницата имаше можност и за хет-трик, но не беше проигран од Амад Диало, кој беше себичен во неколку ситуации на дуелот во Чешка. Но, последната упропастена можност на крајот го разбесни и Хојлунд кој не можеше да го сокрие револтот отворено искажувајќи го кон соиграчот.
Но, тоа не му смета на Аморим. Напротив…
„Да. Видов што се случи, и тоа, според мене, се перфектни сцени. Тоа значи дека на играчите им е важно што се случува на терен и реагираат. Кога има реакција, се каратесо своите браќа, родители, блиски значи дека ви е грижа за нешто. Тоа е добар знак дека нешто се менува во тимот. Оставив играчите и капитенот самите да решаваат. Ако некогаш мислам дека е претерано, ќе влезам во соблекувалната и ќе реагирам. Кога се на теренот, имаат право да се надополнуваат, да се караат, да се борат и за мене тоа е навистина добар знак“ – изјави по мечот Аморим.
Rasmus Hojlund and Amad Diallo arguing at each other for not passing the ball
Things I love to see 😂🤩 pic.twitter.com/ZnXj50eZ4I
— Kara (@UTDKara) December 12, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА