Расмус Хојлунд го игра најдобриот фудбал во кариерата откако екс-голгетерот на Манчестер јунајтед блесна во дресот на Наполи. Тој постигна два гола на последниот меч во Лигата на Шампионите, а перфектната недела ја комплетираше со победничкиот погодок на дуелот со Џенова.
„Пресреќен сум за голот, но уште повеќе за победата. Џенова одигра одлично прво полувреме, но гостите како да се изморија во вториот дел. Ние покажавме карактер, притискавме до самиот крај и таквиот пристап ни ја донесе победата“, изјави Данецот.
Хојлунд не крие дека е воодушевен од соработката со Антонио Конте, стратегот што важи за исклучително строг, но и за стручњак што знае како да го извлече максимумот од своите фудбалери.
„Конте е топ тренер, дојдов во Наполи затоа што знаев дека е вистинскиот чекор за мојата кариера. Наполи е голем клуб, Неапол прекрасен град за живеење, а Конте е најдобриот можен тренер во овој момент од мојата кариера“, изјави Хојлунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

