Хојлунд: Наполи е она кое ми требаше, планирам да останам тука долго

Данскиот интернационалец Расмус Хојлунд рече дека се чувствува како дома во Наполи. Клубот од Неапол го ангажираше напаѓачот на Манчестер на позајмица, со задолжителен откуп.

Тој рече дека сака долго време да остане во клубот, затоа што се чувствува убаво.

„Тука постои единствена фудбалска култура. Ја почувствував веднаш кога првпат дојдов во Неапол како противник, играјќи за Аталанта. Навивачите беа диви и страствени, што ги издвојуваше од другите. Градот е навистина прекрасен, климата е прекрасна. Но, пред сè, тука најдов семејна атмосфера – токму она што ми требаше во оваа фаза од мојата кариера“, изјави Хојлунд и додаде: 

„Фудбалот овде е многу тактички, со многу борба човек на човек. Во Премиер лигата, сепак, темпото е малку повисоко. Сите се брзи, силни и физички експлозивни. Ако треба да набројам разлика помеѓу двете лиги, тоа би била таа“, рече напаѓачот. 

Се вчитува...