Засилувањето на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд нема да дебитира во новиот дрес на стартот од Премиерлигата против Вулверхемптон на 4. август.
Данецот во текот на денот беше претставен пред навивачите на Манчестер јунајтед пресрет на пријателскиот натпревар со Ленс, каде избраниците на Ерик тен Хаг победија со 3-1.
Хојлунд беше пречекан со овации, но како што објавија медиумите на островот, тој нема да може да игра барем неколку недели. Како што е познато тој во клубот пристигна со повреда која ја доби на подготовките со Аталанта.
Тој треба да достигне целосна кондиција, па Јунајтед реши да не го форсира неговото враќање на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

