Расмус Хојлунд со гол во 78. минута на натпреварот против Португалија и донесе победа на својата Данска. Прославата беше во стилот на легендарниот Кристијано Роналдо, познатото „Сиу“ по што наиде на осуда од страна на фановите на легендарниот Португалец.
Данецот мораше и да го објасни потегот па изјави дека немал намера да се исмејува со Ронадло кој го смета за свој идол.
„Не се исмејував или било што друго. Отсекогаш велам дека има големо значење за мене и мојата фудбалска кариера. Играм против најдобриот фудбалер на светот, мојот идол и постигнав гол и тоа победоносен, не можеше да биде подобро.
Тоа што постигнав гол против него и Португалија за мене е голема работа. Го гледав во 2009 година како постигна гол од слободен удар. Од тогаш сум негов фан“, изјави Хојлунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА