Хојлунд по дебито за Манчестер Јунајтед: Го остварив мојот сон

Навивачите на Манчестер Јунајтед конечно го дочекаа дебито на еден од најголемите трансфери ова лето. Расмус Хојлунд кој поради повреда го пропушти почетокот на сезоната, од клупа доби шанса на дербито против Арсенал, но не успеа да го совлада голманот на „топџиите“.

И покрај поразот на неговиот тим 20-годишниот голгетер на социјалните мрежи објави фотогалерија од дебито на „Емирати“ каде напиша дека го остварил својот сон.

„Многу сум горд што дебитирав за Манчестер Јунајтед, тоа е остварување на мојот сон. За жал немавме среќа со резултатот, но ќе се вратиме уште посилни по репрезентативната пауза“, напиша Хојлунд.

Се вчитува...