Расмус Хојлунд е подготвен да го скрати престојот во Манчестер јунајтед и што поскоро да си замине од „Олд Трафорд“ по најавите дека Рубен Аморим не е најзадоволен од неговите игри и планира да го продаде Данецот за да отвори простор за нови засилувања во тимот на „црвените ѓаволи“.
Хојлунд дојде како големо засилување од Аталанта, но никогаш не се наметна како лидер на нападот на Јунајтед во изминатите две години. Аморим му даваше шанса, но многу често и го ротираше со останатите офанзивци, а дансзкиот ас без континуитет се мачеше да влезе во голгетерски ритам.
Интер и Наполи се клубовите кои покажаа сериозен интерес да го доведат Хојлунд во своите редови, а данскиот репрезентативец не крие дека без размислување би се вратил назад во Серија А, во лигата каде ги мина најдобрите моменти во досегашниот дел од кариерата. Проблемот е во тоа што и Интер и Наполи испратија понуди само за едногодишна позајмица, идејата на Јунајтед е Хојлунд да биде продаден и парите да бидат инвестирани во нов голгетер, па останува да се види дали ќе може да биде најден заеднички јазик за Данецот да се врати назад на Апенинскиот полуостров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

