Хојлунд со два гола го реши Јувентус, одличен меч за Елмас (ВИДЕО)

Наполи повторно го запоседна врвот во Серија А, по победата од 2-1 во големата дерби пресметката против Јувентус на „Диего Марадона“ во Неапол.

Херој на „наполитанците“ е Хојлунд кој ги постигна двата гола за домашните, а одличен меч, на позицијата во средниот ред како последен играч за врска, имаше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој како стартер ги одигра сите 90 минути на дуелот.

Хојлуднд го доведе Наполи до водство уште во 7. минута.

Јилдиз во 59. минута донесе израмнување за Јувентус во 1-1.

А, Хојлунд со својот втор гол во 78. минута ја донесе победата за Наполи.


 

Се вчитува...