Хокеарската репрезентација на Македонија славеше со 7-8 (1-3, 2-3, 4-2) против селекцијата на Босна и Херцеговина на пријателскиот натпревар кој се одигра во Сараево.
Македонските хокеари беа далеку подобар противник на мразот уште од самиот почеток на мечот наметнувајќи ритам за победа.
Македонија првиот период од играта го доби со 1-3, во вториот период повторно македонските хокеари постигнаа три погодоци наспроти два на домашните, за да конечно во третиот период рутински се најави победата и со водство во еден момент од 4-8. До крајот следеше опуштање за конечни 7-8.
ФОТО: Драган Тануровски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА