Чешка е првиот полуфиналист на машкиот хокеј турнир на ЗОИ откако дури по изведувањето на пеналите славеше во првата четвртфинална пресметка против САД.
Во регуларниот дел, мечот заврши 2-2 (1-1,1-1,0-0), без гол мина и продолжението па пеналите го одлучија патникот во полуфиналето.
Сите четири погодоци од регуларниот дел паднаа во првите два периоди од играта. Стрелци на головите за Чешка беа Јан Колар и Петр Коукал додека за Американците Донато и Слејтер.
Во останатите четвртфинални пресметки се среќаваат Русија – Норвешка, Канада – Финска и Шведска – Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА