Репрезентацијата на Македонија во хокеј на мраз чекори сигурно кон завршницата на „Девелопмент куп“ што се одржува во Германија, откако во вториот натпреварувачки ден нашите хокеари ја забележаа и втората победа, овојпат над селекцијата на Португалија со минимални 5-4.
Првата третина по многу пресврти заврши со водство на Португалија од 2-3, откако „црвено-жолтите“ го отворија резултатот, но на крајот по 20 минути игра сепак противникот имаше минимална предност. Како пресудна се покажа втората четвртина во која Македонија направи целосен пресврт и поведе со 5-4, по што третиот период мина без ниту еден постигнат гол, за конечна победа на македонскиот национален тим.
Македонските хокеари во рамките од третото коло ќе се сретнат со аутсајдерот Андора, при што со нова победа ќе го осигураат првото место во својата група на „Девелопмент куп“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА