Хокеарската репрезентација на Македонија доживеа пораз на вториот пријателски натпревар од селекцијата на Босна и Херцеговина во Сараево.
По вчерашната победа од 8-7, денеска Босанците ни се реваншираа победувајќи со 7-6 дури по продолжението од пет минути, откако во регуларниот дел мечот заврши 6-6 (3-1, 1-2, 2-3).
Сепак, во продолжението иако Македонија беше многу поблиску до погодок за победа, далеку подобра од домаќините, сепак БиХ стигна до гол за триумф по еден брз контра напад.
ФОТО: Драган Тануровски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА