Главниот фаворит за златото во хокеј на лед на ЗОИ 2026 за малку ќе останеше без медал, откако Канада со многу среќа се спаси од елиминација во четвртфиналето против Чешка.
Канада беше прв, а Чесите осми носител во пресрет на меѓусебниот дуел, па затоа беше големо изненадувањето кога Чесите на половина од третата третина поведоа со 2-3. Канада делуваше безидејно во овој период, се до неверојатниот погодок на Сузуки, кој со магичен допир го измами противничкиот голман и израмни на 3-3.
Според пропозициите, во продолжението се играше „три на три“ во поле, а во таква ситуација подобро се снајдоа Канаѓаните кои со „златниот гол“ на Марнер по помалку од две минути игра се пласираа во Топ 4 од ова големо натпреварување.
Билет за полуфиналето од овие ЗОИ обезбедија и хокеарите на Словачка, кои во првата четвртфинална пресметка славеа лесно и убедливо над Германија со 6-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

