Холандија ќе биде сериозно ослабена за октомвриските квалификациски натпревари откако неколку клучни играчи на „лалињата“ поради повреди беа принудени да го откажат настапот за националниот тим. Холанѓаните на 13 октомври го играат дербито на групата против Франција, три дена подоцна гостуваат во Грција, а селекторот Куман се соочува со сериозни главоболки.
Во одбраната ќе недостига стандардниот Матијс де Лихт, како и Свен Ботман од Њукасл, додека во средниот ред ќе го нема клучниот играч на холандскиот национален тим, Френки де Јонг. Ослабен ќе биде и нападот, без најдобриот стрелец од СП 2022, Коди Гакпо, како и без Мемфис Депај, кој веќе извесно време е повреден и не настапува ниту за Атлетико Мадрид.
Холандија моментно се наоѓа на делба на второто место на табелата со Грција, со ист број бодови, но и меч помалку од грчката селекција, па јасно е дека нивниот дуел во Атина ќе има огромно значење во битката за пласман на ЕП 2024.
🫵 Presenting 𝗢𝗨𝗥 𝗦𝗤𝗨𝗔𝗗 for #NEDFRA & #GRENED! 🦁
Welcome, Nick Olij! 🆕🧤#NothingLikeOranje pic.twitter.com/jqc3c5HxcH
— OnsOranje (@OnsOranje) October 6, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

