Еден од противниците на ракометната репрезентација на Македонија на Светското првенство во Вараждин, селекцијата на Холандија без проблеми стигна и до втора победа во подготвителниот период.
По вчерашниот убедлив триумф над Косово, избраниците на Штафан Олсон денеска без поголеми проблеми славеа и против репрезентацијата на Италија со 31-26.
Холанѓаните почнаа силно уште од самиот старт па веќе на пауза имаа комотни плус четири 16-12. Во вториот дел тие само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 31-26.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА