Холандија го укина цел спорт до септември!

Холандскиот премиер Марк Руте вечерва објави дека ги укинува сите спортски настани на територијата на оваа земја до 1 септември, практично ставајќи крај на надежите дека би можело да се заврши фудбалското првенство во текот на летниот период. Првичната забрана важеше до 1 јуни, клубовите се надеваа дека ќе добијат можност да ги доиграат преостанатите рунди, но во последните денови почна да расте бројот на жртви и на заболени од коронавирус во Холандија, по што властите се решија за порадикални чекори.

Знаеме дека е тешко, но ова е чекор што мораме да го преземеме“, изјави Марк Руте.

На потег е Фудбалската Федерација на Холандија, која по се изгледа ќе биде приморана да прогласи шампион на „зелена маса“. Тоа ќе биде тимот на Ајакс, кој имаше ист број бодови како и АЗ Алкмар, но подобра гол-разлика во однос на овој ривал.

Опцијата за продолжување на сезоната од 1 септември, а веднаш потоа почеток на сезоната 2020/21 е невозможна поради фактот дека во јуни 2021 ќе се игра европскиот шампионат во кој ќе учествува и Холандија, па нема ниту теоретски шанси за термини за финиширање на двете лиги од септември 2020 до крајот на мај 2021 година.

Се вчитува...