Холандија се доближи до нова победа на Мундијалот, откако поведе со 2-0 на дуелот со Катар, кој е на прагот да биде најлошиот домаќин на Мундијалите и да не успее да освои ниту еден бод.
После водството по првиот дел со голот на Гакпо, на почетокот на вториот дел „лалињата“ дојдоа и до 2-0. Стрелец на голот беше Френки Де Јонг кој само ја спроведе топката во празната мрежа, откако обидот на Депај беше одбранет од голманот.
Холандија со оваа победа ќе го потврди првото место и ќе има седум бодови, а битката за второто место меѓу Сенегал и Еквадор во моментов е за Сенегал кој ако го задржи водството кое го има, ќе се пласира во 1/8 финалето како второпласиран од групата „А“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА