Холандија ја совлада Германија со 2-4 и и се реваншираше за поразот од март годинава кога Германците нагости славеа со 2-3.
По првите 45. минути Германците имаа минимална предност од 1-0, откако Серж Гнабри го отвори резултатот во 9. минута. Во второто полувреме гледавме тотален фудбал, со многу шанси на двете страни. Холанѓаните преку Френки де Јонг во 59. минута израмнија на 1-1. Седум минути подоцна дојдоа и до целосен пресврт откако Тах си постигна автогол. Тони Крос од пенал во 73. минута израмни на 2-2. Резултат кој стоеше на семафорот само шест минути, бидејќи во 79. минута младиот Дониел Мален донесе ново водство за Холанѓаните, а конечните 2-4 ги постави Виналдум во 91. година.
Хрватска го одигра својот најдобар меч по СП 2018 во Русија, на гостински терен декласирајќи ја Словачка со 0-3. „Коцкестите“ и без помошта на Ракитиќ и Крамариќ одиграа извонреден меч во Трнава, промашувајќи три зицери (двапати ја погодуваа гредата) пред Влашиќ да го отвори резултатот во самиот финиш од првото полувреме. На 0-2 беше зголемено преку Перишиќ на почетокот од вториот дел, на 0-3 зголеми Петковиќ, а конечните 0-4 Дејан Ловрен.
Резултати евроквалификации:
Австрија – Летонија 6-0, Словенија – Полска 2-0, Сан Марино – Белгија 0-4, Кипар – Казахстан 1-1, Естонија – Белорусија 1-2, Германија – Холандија 2-4, Словачка – Хрватска 2-3, Шкотска – Русија 1-2 и Велс – Азербејџан 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА