Репрезентацијата на Холандија ја декласираше Романија победувајќи со 3-0 во осминафиналето на ЕВРО 2024.
Холанѓаните одиграа еден одличен меч на „Алијанц Арена“ во Минхен, комплетно надигрувајќи го противникот со повеќе од 20 удари на мечот.
Гакпо го отвори резултатот во 20 минута, а на истиот играч му беше поништен гол во 63. минута поради офсајд.
Мален во 83. минута зголеми на 2-0, а фудбалерот на Дортмунд стрелаше уште еднаш во 93. минута за потврда на одличното издание на „лалињата“.
Холандија во четвртфиналето ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Турција и Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА