Холандија ја продолжи слабата форма на Хрватите

Ракометната репрезентација на Хрватска доживеа вистинска „бламажа“ на гостувањето кај Холандија каде загуби со 32-27 во натпревар од 3. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Германија.

Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни, во која за нијанса подобри беа домаќините кои заминаа на пауза со предност од 15-13. Во вториот дел се случи вистински колапс на Хрватите кој „лалињата“ на најдобар можен начин го искористија за на крајот да стигнат до триумф од 32-27.

Кај Смитс со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Карачиќ, Штрлек и Лучин постигнаа по четири.

 

Се вчитува...