Холандската прва лига е првата која објави крај на сезоната поради пандемијата на коронавирусот, без прогласување шампион и без напуштање на лигата за следната сезона. Сите спортски случувања во земјата се забранети до 1. септември, но и кога ќе се врати фудбалот на трибините ќе биде без навивачи.
Холандскиот министер за здравство, Хуго де Јонг потврди дека навивачи на трибините нема да има се додека не биде пронајдена вакцина за коронавирусот.
„Масовни собири ќе бидат дозволени само кога ќе се појави вакцината. Никој не знае колку сето тоа ќе трае, но се надевам дека ќе биде за многу брзо. Сепак, реално е да чекаме една година или повеќе. Тоа значи дека спортски настани со навивачи најверојатно нема да има и следната година“ – изјави Де Јонг.
Според одредени научни истражувања, вакцината би можела да дојде до крајот на годината. Во моментов ширум светот се вршат околу 460 тестирања на вакцина против коронавирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА