Селекцијата на Холандија дојде до победа во првиот меч во главната фаза, откако потешко од очекувањата го совлада составот на Катар со 32-30.
„Лалињата“ беа шокирани во првиот дел, кога Катарците заминаа на одмор со предност 19-15. Меѓутоа избраниците на Штефан Олсон полека ја „топеа“ предноста, стигнаа до егал, а потоа и до предност едно време до три разлика. Меѓутоа Катар успеа да намали до еден гол, и да има напад за израмнување, но не го искористи, па Холандија дојдоа до +2 на минута до крај, што беше клучно за победата.
Ден Велде со осум гола беше најефикасен кај победничкиот тим, но Мадади царуваше со 11 погодоци.
Во другиот натпревар, САД го совлада Бахреин со 32-27. Ал-Сајад постигна девет гола за лесна победа на Бахреин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА