После убедливата победа над Романија со 3-0, Холандија има уште еден противник по мерка на патот кон полуфиналето. И покрај тоа што „лалињата“ завршија на третото место на табелата, доби ривали по мерка на патот кон најдобрите четири.
Роналд Куман без проблем го мина тимот на Романија, а сега се надева со ист рецепт против ослабената Турција, која игра без Демирал кој е суспендиран поради контроверзна прослава на гол против Австрија.
Турција ги воодушеви сите откако ја елиминираше Австрија, која заврши како првопласирана во група со Холандија и со Франција, и кога се очекуваше да пружат уште една добра партија и да ја елиминираат Турција, сепак, Турците со два гола на Демирал успеаја да направат големо изненадување.
Натпреварот се игра во Берлин, на трибините на Олимпискиот стадион ќе доминираат турските навивачи кои ќе дојдат во огромен број, затоа што во овој град има многу иселеници од Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА