Холандија славеше против Унгарија во меч во кој фудбалот беше во втор план (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Холандија славеше со 3-0 против Унгарија во натпревар од 5. коло од Лигата на нации. Сепак, на овој меч фудбалот беше во втор план поради страотната ситуација која се случи на почетокот на мечот.

Натпреварот започна во најдобар ред, но стадионот во главниот град на Холандија замолкна во 8. минута. Тогаш на Адам Шалаи, поранешниот унгарски напаѓач, а денеска член на стручниот штаб на Унгарија, му се слоши на клупата и натпреварот набрзо беше прекинат. Според неофицијални информации, Шалаи доживеал инфаркт, поради што итно му била укажана помош.

Паузата траеше околу 15 минути, а Шалаи конечно беше изведен на носилки. Некои холандски медиуми открија дека Шалаи морал да биде реанимиран, а помош му се укажувала и во соблекувалната. Страшните сцени ги оставија играчите на двата тима во очај, некои дури и во солзи го следеа целиот настан. Според последните информации, Шалаи е во стабилна состојба, но ќе биде задржан во болница на интензивна нега.

Инаку стрелци на головите за Холандија беа: Вегорст и Гакпо од пенал како и Думфрис и Копмејнерс.

Netherlands [3] – 0 Hungary – Denzel Dumfries 64‎'‎
byu/Rudigaa insoccer

Се вчитува...