Селекцијата на Холандија вечерва во Ротердам го совлада составот на Норвешка, и го потврди учеството на Мундијалот во Катар 2022 година. Со головите на Бервајн и на Депај во последните пет минути „лалињата“ успеаја да процветаат и да го потврдат учеството на СП, со тоа исфрлувајќи го составот на Норвешка од игра за СП. Норвежаните не се ниту во баражот.
Холандија цел меч играше на нерви, играше на нерешено. Во финишот кога Норвешка мораше да брка победа за да дојде до првото место, Бергвајн го најде патот до мрежата во 84. минута, а потоа му асистираше на Депај кој ја потврди победата од 2:0.
А, во баражот од таа група оди Турција која што победи во Подгорица со 2:1, и така обезбеди место во дополнителните квалификации. Турција губеше од Црна Гора, а потоа Актуркоглу и Кокчу донесоа пресврт кој им овозможи на Турците да се борат за Муднијал.
Од баражот извиси и Финска која што на домашен терен е поразена од Франција. Французите со головите на Бензема и на Мбапе, и завршија работа на селекцијата на Украина, која ја победи БИХ и дојде до бараж.
Велс одигра нерешено со Белгија, и го задржа второто место кое носи во бараж, додека Чешка беше подобра од Естонија. Летонија ја совлада селекцијата на Гибралтар со 1:3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА