Женската ракометна репрезентација на Холандија со победа над Романија од 29-28 го стартуваше настапот во групата Ц на Европското првенство во Македонија.
Холанѓанките подобро го отворија натпреварот и многу брзо стигнаа до пет гола позитива (5-2). Сепак, како одминуваше времето Романките заигруваа се подобро и подобро, а во 15. минута успеаја да стигнат и до првото водство 6-7. Холандија ги консолидираше своите редови до крајот на првите 30 минути, па на пауза замина со позитива од плус два (14-12).
Во вториот дел „лалињата“ го контролираа резултатот, а во 41. минута повторно по подолга пауза стигнаа до највисоките плус три (20-17). Иако во еден момент Холандија имаше и плус пет (22-17), на десет минути до крајот Романија стигна на само минус еден (24-23), со што го внесе натпреварот во неизвесна завршница. Таму подобро се снајдоа Холанѓанките за прв триумф на шампионатот (29-28). Лаура ван дер Хејден со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Пинтеа, Грозав и Бучеши постигнаа по пет гола.
Во вториот натпревар од вечерашната понуда, во групата Д која се игра во Подгорица Германија славеше над Полска со 25-23.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА