Холандска НАК Бреда заинтересирана за Даци

Македонскиот интернационалец Ердон Даци, зимава како слободен агент ќе бара нов клуб. Откако го напушти тимот на Деинзе од Белгија кој претходно прогласи банкрот и ги распушти сите фудбалери.

Повремениот репрезентативец, кој во еден настап постигна еден гол, би можел зимава да се пресели во Холандија. Според информациите, тимот на НАК Бреда е заинтересиран за услугите на Даци.

Даци во минатото беше дел од Коњаспор, а играше и во Коњаспор, па потоа замина во Вестерло. Една полусезона одигра и во Беверен како позајмен, а на почетокот на оваа сезона се пресели во Деинзе. Но, брзо наиде на проблеми, тимот поради финансиски колапс мораше да се откаже од понатамошниот тек на натпреварувањето.

Се вчитува...