Холандски репрезентативец замина во фудбалска „пензија“ на 30 години

Фудбалерот на ПСВ Дејви Пропер, објави крај на кариерата на само 30 години. Тоа го потврди и неговиот клуб. Имаше договор уште на 1,5 година, но сега истиот е прекинат.

Причината поради која се повлекол е тоа што изгубил љубов кон фудбалот.

„Одлуката ја донесов пред Божиќ, и тоа ми е олеснување. Знам дека тоа е вистинскиот избор“, рече за клуспкито сајт.

Тој минатото лето од Премиер-лигата се врати во ПСВ каде што настапуваше.

„Во тој период додека бев во Англија, почнав полека да го губам задоволството за фудбал. Ми беше тешко да ја задржам дисциплината која е неопходна да имам оптимален учинок. Периодот на коронавирусот и раздвоеноста од фамилијата не ми помогнаа“, рече Пропер.

Пропер играше за Брајтон, а беше дел и од холандската селекција 19 пати.

Се вчитува...