Холандскиот гигант се решава на штедење, девет играчи го напуштаат клубот

Гигантот од Амстердам, Ајакс од следната сезона ќе води некоја нова политика. Тимот се решава да произведува таленти, како што тоа беше на крајот на деведесетите и почетокот на новиот век, кога од оваа екипа излегоа некои светски ѕвезди.

Во последно време, Ајакс се повеќе се решава да ангажира играчи, но сега нема да биде така. За да се намалат трошоците, овој клуб се одлучува да штеди, и акцент да стави на фудбалери од својата фудбалска школа.

Така на трансфер листата ќе бидат ставени девет играчи, и тоа оние кои биле донесени од поранешниот спортски директор Свен Мислинтат. Мислинтат беше во Ајакс откако мина неколку години во Борусија Дортмунд и Арсенал.

Речиси е сигурно дека тројцата Хрвати Шутало, Медиќ и Соса ќе ги заминат од тимот. За Шутало веќе има интерес од Шпанија, додека за Соса се интересира Борусија Дортмунд.

Се вчитува...