Холандскиот олимпиец кој силуваше девојче плаче и моли: „Оставете ми го семејството…“ (ВИДЕО)

Холандскиот одбојкар на песок, Стивен ван де Велде (26 години) кој во 2016 година беше осуден на четири години затвор откако призна дека, тогаш како 19-годишник, силувал 12-годишно девојче, предизвика огорченост во спортската јавност со неговиот настап на Олимписките игри во Париз.

Осудениот педофил наиде на жестоко негодување од публиката во Париз, добивајќи тој и неговиот партнер силни свирежи на секој од неговите четири настапи. Здруженијата за заштита на правата на жените и пред Игрите бараа од ИОК да не му дозволи настап во Париз, беа собрани и 100.000 потписи за негова забрана, но сепак Ван де Велде настапи на ЛОИ.

Но, во Париз не престојуваше во олимпиското село туку во приватно сместување постојано пратен од тројца телохранители. По настапот на ЛОИ каде стигна до осминафинале сега и се обрати на јавноста пред Европското првенство во Хаг.

„Си кажав на самиот себе дека можеби не би требало да одам во Париз, но ете заминав. Направив страшна грешка пред девет години и сега мора да живеам до крај на животот со тоа. Но, да се повредуваат луѓето околу мене, како мојот соиграч Метју, сопругата и детето, едноставно е премногу. Ве молам, оставете го моето семејство на мир“ – изјави Холанѓанецот расплакувајќи се пред камерите.

Ван де Велде со девојчето од Англија кое го силуваше стапил во контакт преку Фејсбук. Набрзо отпатувал во Англија и, иако свесен за нејзината возраст, три пати ја силувал. Таа го пријавила во полиција по што холандскиот одбојкар од својата земја бил предаден на Англија. На судењето го признал неделото и беше осуден на четири години затвор. Но, бил испратен да ја отслужува казната во родната Холандија, а потоа откако делото му било преиначено од силување во „сексуален чин кој ги нарушува социјалните норми“, на крај бил ослободен по само 13 месеци.

Жртвата на неговиот чин има големи психолошки проблеми во својот живот, со неколку обиди и за самоповредување поради што е под психијатриски надзор.

Се вчитува...