Холандското првенство продолжува на 19 јуни?

Фудбалското првенство на Холандија би требало да продолжи на 19 јуни, доколку мерките на владата на оваа земја тоа го дозволуваат, се разбира следејќи го развојот на пандемијата со коронавирусот. Фудбалската федерација на Холандија денеска имала видео-состанок со претставниците на клубовите и ги информирала дека планот е првенството да продолжи на 19 јуни.

„Ќе играме фудбал само доколку е безбедно и добиеме дозвола од Институтот за јавно здравје. Планот е првенството на Холандија да продолжи на 19 јуни“, објави Фудбалската федерација на Холандија.

Познат е и планот за враќање на фудбалските екипи на тренинзи. Од 15 мај фудбалерите ќе можат индивидуално да тренираат на отворен простор, една седмица подоцна во мали групи, а комплетните тренинзи на тимовите ќе бидат дозволени од 29 мај.

До крајот на шампионатот во Холандија остануваат девет кола, кои доколку се оди според зацртаниот план би требало да бидат одиграни до 31 јули.

Се вчитува...