Холанѓанец е прво зимско засилување за Црвена звезда

Холандскиот фудбалер Џеј Енем е нов играч на Црвена Звезда, објави српскиот шампион.

Звезда го претстави своето прво зимско засилување, кое пристигнува во клубот како позајмен играч од ОФК Белград до крајот на сезоната, со можност за откуп.

„Среќен сум што сум тука, Звезда е голем клуб. Се чувствувам добро, иако денес имав два лета и сум малку уморен, но сепак излегов на теренот и направив лесен тренинг. Среќен сум што се запознав со тренерот, новите соиграчи и имав можност да ги видам сите. Јас сум силен напаѓач, брз, напаѓам просторно и сакам да постигнувам голови. Мојата цел оваа полусезона е да постигнувам голови и да победувам. Се надевам дека ќе биде така на секој натпревар“, рече Енем.

Џеј Енем е роден на 11 март 2003 година во Холандија. Играше за помладите категории на АЗ Алкмар, Ајакс и Венеција. Во претходниот дел од својата сениорска кариера, тој играше за Вис Пезаро, Венеција, Етникос, АЛС Омонија и ОФК Белград.

Се вчитува...