Холандскиот лев бек Иан Матсен, кој настапува за Борусија Дортмунд како позајмен од Челси, сака да остане дел од „милионерите“. Матсен има одлична полусезона во дресот на „милионерите“, па со оглед дека добиваше мала минутажа во Лондон, изразил желба да остане во таборот на Бундеслигашот.
Меѓутоа од друга страна Челси не сака да се откаже од него, и не планира да го продаде. Младиот Холанѓанец има договор со „сините“ до 2026 година, а во договорот со Борусија нема можност за откуп.
Но, Борусија Дортмунд има план. Сака да го позајми Матсен и следната сезона, но овојпат во договор да има и можност за откуп. Се шпекулира за сума од 25 милиони евра.
„Милионерите“ планираат да почнат преговори и со Манчестер Јунајтед за Џејдон Санчо, кој исто така е позајмен до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА