Холанѓаните го укинуваат офсајдот

Фудбалската федерација на Холандија ја разгледува можноста за укинување на правилото за офсајд во аматерските лиги. Покрај тоа што самата идеја е прилично бизарна, причината е уште побизарна.

Желбата на холандската фудбалска федерација е со укинување на правилото за офсајд да ги намали, ако не и целосно да ги елиминира се почестите тепачки и агресивни испади поради одлуки со кои играчите не се согласуваат.

Холандската фудбалска федерација објаснува дека нема судии делегирани од федерацијата на натпреварите на аматерско ниво, туку линиски судии се луѓе од клубовите кои ги играат натпреварите и дека одлуката за укинување на правилото за офсајд би го намалила бројот на закани и се поагресивни испади во аматерскиот фудбал во земјава.

Се вчитува...